5.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Македонија до 17 години и вторпат поразена од Кипар во Радовиш

Репрезентацијата на Македонија до 17 години претрпе нов пораз против Кипар во пријателски натпревар. Откако во вторникот беше 1:0 за противничката селекција, денеска Кипраните ја совладаа нашата селекција поубедливо со 3:0, на мечот одигран во Радовиш.

Кипар го отвори резултатот во 28-мата минута преку Христодулидес. Резултатот од 1:0 беше актуелен по првиот дел.
Во второто полувреме во 56-тата минута Герасиму зголеми на 2:0. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар за конечен триумф на гостите од 0:3.

- Оглас -

Најнови вести