11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Македонија до 17 години: Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 17 години од 8. до 14. октомври во Струмица ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за место на ЕП. Нашата селекција е во група со Унгарија, Чешка и Гибралтар.
Селекторот на репрезентацијата до 17 години, Влатко Колев за квалификациските натпревари ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Лука Грчевски (ФК Црвена Звезда, Србија), Амин Суловиќ (Скопје)

Одбрана: Филип Цветковски (Вардар), Марко Иванов (Копер, Словенија), Матеја Масев (Црвена Звезда, Србија), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Никола Митев (Сасуоло, Италија)

Среден ред: Амер Бајрами (Работнички), Алек Чедомирски (Македонија ЃП), Андреј Цветковски (Вардар), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП), Јасмин Ѓоргиев Лука (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП), Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Ердин Мамути (Работнички), Михаил Митревски (Македонија ЃП)

Напад: Фадил Исламовиќ (Кустошија Загреб, Хрватска), Марко Мирчевски (Охрид Лихнидос), Васко Папалиски (ФК Парк), Јаков Стојковски (СЦ Падерборн 07, Германија).

„Не очекува квалификациски турнир на кој сме домаќини и се надевам дека момците ќе дадат сѐ од себе во дуелите со Унгарија, Чешка и Гибралтар и достојно ќе ја претставуваат Македонија. Секако дека фаворитската улога им ја препуштаме на Чесите и Унгарците, но и ние имаме респектабилен состав, во кој секој доколку го даде својот максимум и со малку среќа, сѐ е можно. Се надеваме на позитивен резултат. Драго ми е што сите играчи се одѕваа на повикот, вклучително и оние кои настапуваат во странство. Во недела патуваме за Струмица, каде во мирна атмосфера ќе се подготвуваме за првиот дуел во среда против Унгарија. Верувам во овие млади фудбалери, тие имаат голем потенцијал и со вистински пристап можат да направат чекор напред во нивниот развој и да ја израдуваат нашата публика.“ – вели селекторот на Македонија до 17 години, Влатко Колев.

Македонската репрезентација, турнирот го отвора против Унгарија, на 8. октомври (13:00 часот), на 11. октомври ќе се соочиме со Чешка (13:00 часот), а последниот натпревар е против Гибралтар на 14. октомври (13:00 часот).

- Оглас -

Најнови вести