Македонската репрeзентација до 18 години одигра 1:1 на првиот контролен натпревар против Словенија на гостински терен во Птуј.
Нашата млада селекција одигра одличен меч, посебно во второто полувреме. Имавме неколку солидни шанси и навистина можеме да жалиме што не постигнавме втор погодок. Голот за Македонија го постигна Ненад Дамјановски.
Нашата селекција средбата ја започна во следниот состав: Давид Илковски, Златко Радевски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Лука Атансoвски (капитен), Давид Стојановски, Ненад Дамјановски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Марко Киш, Адмир Љатифи, во вториот дел играа уште Локи, Ислами, Затуровски и Шарковски.
Втoрата контролнa средба е закажана за утре, на истиот терен во Птуј со почеток во 11:00 часот.