13.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Македонија до 18 години загуби од Бугарија на првиот конторлен меч во Струмица

Македонската репрезентација до 18 години загуби со 1:2 од врсниците на Бугарија на пријателскиот натпревар одигран во Струмица. Нашата селекција имаше предност од 1:0 на полувремето, но противникот ги искористи своите две прилики во продолжението и се радуваше на победа.

Во 17-тата минута Македонија обезбеди предност со голот на Флори Илази. Акцијата ја започна Рочи, потоа со глава шутираше Хоџа, а одбиената топка во голот ја смести Илази.

По еден час игра, Бугарија израмни на 1:1. По корнер за противникот, лошо реагиравме во одбраната, а голот го постигна Димитар Мранков. Во 73-тата минута одново не бевме доволно сконцентрирани во дефанзивата и повторно по одбиената топка, дозволивме удар на противникот за водство од 2:1. Мартин Пејчев беше стрелец на вториот гол за Бугарија. До крајот од мечот селекцијата на Димитар Капинковски имаше неколку обиди за израмнување, но без резултат.

МАКЕДОНИЈА до 18 години: 1. Трајков Александар, 2. Рочи Албан, 4. Варошаноски Лука, 5. Димовски Андреј, 9. Хоџа Дитмир, 10. Ангелевски Давид, 11. Мрмачовски Јован, 14. Илази Флори, 18. Велков Бојан, 20. Танчев Иван, 23. Секирски Стефан;

12. Трајковски Антониј, 3. Стаматоски Стефан, 6. Жаку Лорент, 7. Буцевски Дамјан, 8. Талески Габриел, 13. Марковски Павел, 15. Рамадани Муаз, 16. Мисајловски Славчо, 17. Османи Флорент, 19. Ѓерасов Матеј, 21. Марковски Иво, 24. Цека Назиф, 26. Сејменов Матеј;

БУГАРИЈА до 18 години: 1. Огњан Владимиров, 3. Алекс Тунчев, 6. Теодор Ѓуров, 7. Емилијан Гогев, 8. Радостин Стоилов, 14. Мартин Пејчев, 16. Емануил Нјаголов, 18. Георги Ангелов, 19. Рикардо Фернандеш, 20. Иво Мотев, 22. Калоян Пулев;

12. Преслав Стојанов, 2. Борислав Стоичков, 4. Радослав Палазов, 5. Даниел Кирилов, 9. Димитар Мранков, 10. Венислав Михајлов, 11. Кристијан Михајлов, 13. Никола Генчев, 15. Божидар Христов, 17. Стефан Крумов, 21. Димитар Кичуков;

Двете селекции својот втор меѓусебен контролен натпревар ќе го одиграат в сабота, во бугарскиот Петрич.

- Оглас -

Најнови вести