Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години ја забележа првата победа на Европското првенство (Б-дивизија) кое се одржува во Ереван, Ерменија, откако во третиот натпревар на шампионатот славеше над Грузија со 92-84.
Од самиот старт, Црвено-жолтите одиграа со високо темпо и агресивен напад и до полувремето изградија +21 поен разлика (56-35).
Грузијците се обидоа да се вратат во игра во вториот дел, но македонските кошаркари одржаа стабилна предност и заслужено ја впишаа првата победа на турнирот.
Најефикасни беа Ќириловски со 18 поени и Луканоски со 17 поени. Иванов додаде 14 поени, а Стојковиќ и Ангелов уфрлија по 13 поени
Оваа победа доаѓа по два пораза во првите кола и е силен поттик за продолжението на шампионатот, каде Македонија ќе се обиде да избори повисок пласман.