8.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Македонија доби девет олимписки стипендисти за ЛОИ 2028, структурни промени во МОК (Фото)

Управниот одбор на Македонскиот Олимписки комитет ја одржа својата редовна седница на која едногласно беа донесени низа клучни одлуки за успешното работење и идниот развој на олимпизмот. Во главните точки спаѓаа усвојувањето на извештајот за ЕМОФ, именувањето на нов менаџерски тим и одобрувањето на новите олимписки стипендии за ОИ Лос Анџелес 2028, по што беа свечено потпишани и договорите со стипендистите.

Во фокусот на седницата беше извештајот за Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, кој беше едногласно усвоен. Претседателот Даниел Димевски истакна дека настанот, со рекорден број учесници, е препознаен од Европските олимписки комитети (ЕОК) како настан на највисоко ниво, реализиран од висококвалитетен и посветен тим. Беше нагласена исклучителната ефикасност на тимот на МОК, кој успеа да го реализира настанот со буџет кој е петпати поефикасно искористен во споредба со слични настани во регионот.

Како признание за успешниот настан и во духот на олимписката солидарност, Управниот одбор донесе одлука голем дел од спортската и останата опрема набавена за ЕМОФ да биде донирана на националните спортски федерации и на други институции од јавен интерес.

Со цел да се задржи трендот на раст и развој, Управниот одбор едногласно донесе одлука за избор и именување на нов Генерален секретар, Ѓорѓи Тасев. Тој во своето обраќање најави визија за модерна, транспарентна и дигитализирана канцеларија и изрази благодарност за довербата. Претседателот Димевски истакна дека е неопходна нова енергија од млади луѓе. Во тој контекст, едногласно беа избрани и Петар Спасеновски – Раководител на сектор спорт, Елена Зисовска Апостолска – Шеф на кабинет, Александар Богоевски – Директор на СЦ Јане Сандански, Сашо Димитријоски – Член на Управен одбор, и Дејан Митровски – Комесар за безбедност.

МОК и претседателот Димевски изразија огромна благодарност до досегашниот генерален секретар Сашо Поповски и досегашниот спортски директор Владимир Богоевски за нивниот непроценлив придонес во издигнувањето на МОК во изминатите години. Како што беше нагласено на седницата, двајцата ќе останат во рамките на МОК, каде со своето знаење и искуство ќе продолжат да придонесуваат. Поповски ќе биде одговорен за комуникација со меѓународни организации, додека Богоевски ќе биде Советник за спортски прашања на претседателот Димевски.

Стипендисти за ОИ Лос Анџелес 2028 се:

• Дејан Георгиевски (1.600 УСД) – Таеквондо

• Мила Рељиќ (1.600 УСД) – Таеквондо

• Дарио Ивановски (1.200 УСД) – Атлетика

• Ангел Петрушев (1.200 УСД) – Кајак

• Анастасија Мојсовска (800 УСД) – Спортско стрелаштво

• Магомедгаџи Нуров (800 УСД) – Борење

• Владимир Егоров (800 УСД) – Борење

• Душица Бреслиева (600 УСД) – Таеквондо

• Никола Ѓуретановиќ (400 УСД) – Пливање

Дополнително, се разговараше и за проектот за поставување фотоволтаични панели на Олимпискиот дом и за потребата од усогласување на правилниците на националните спортски федерации со законот, со посебен акцент на автономијата на спортските организации.

Седницата ги потврди успешните резултати од изминатиот период и постави јасни насоки за иден раст и модернизација на Олимпискиот комитет.

- Оглас -

Најнови вести