Македонската фудбалска репрезентација на денешната ждрепка ги доби противниците за квалификациите за Светското првенство 2026. Црвено-жолтите ќе играат со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Можевме да поминеме и многу полошо бидејќи Белгија не е силна како до пред некоја година, а во вториот шешир има многу посилни тимови од Велс. Незгодно може да биде и далечното патување до Казахстан. На СП директно само оди најдобриот од групата, а второпласираниот игра баражи. Квалификациите ќе се играат од март до ноември 2025 година.
Инаку, во половина од групите, дури во март ќе се знаат точните имиња на сите учесници затоа што се чекаат исходите од плејофот во елитната Лига на нации, каде што играат осумте најсилни во Европа.
ГРУПА А: победник Германија/Италија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург.
ГРУПА Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово.
ГРУПА Ц: поразен Данска/Португалија, Грција, Шкотска, Белорусија.
ГРУПА Д: победник Франција/Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан.
ГРУПА Е: победник Шпанија/Холандија, Турција, Грузија, Бугарија.
ГРУПА Ф: победник Португалија/Данска, Унгарија, Р. Ирска, Ерменија.
ГРУПА Г: поразен Шпанија/Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта.
ГРУПА Х: Австрија, Романија, БиХ, Кипар, Сан Марино.
ГРУПА И: поразен Германија/Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија.
ГРУПА Ј: Белгија, Велс, МАКЕДОНИЈА, Казахстан, Лихтенштајн.
ГРУПА К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора.
ГРУПА Л: поразен Франција/Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар.