8.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Македонија доби неатрактивни, но квалитетни противници во Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација на Македонија доби неатрактивни, но квалитетни противници во дебито во дивизијата „Б“ од Лигата на нациите.

Противници на нашите фудбалери ќе им бидат селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Од трите селекции, само против Швајцарија немаме играно никогаш, додека со Шкотите и Словенците одлично се познаваме и имаме низа меѓусебни дуели претходните години.

Натпреварите од групната фаза започнуваат во септември и ќе траат до ноември оваа година, додека евентуално разигрување за повисок или понизок ранг на распоредот е во март 2027 година.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРИ

1 коло : 24-26 септември 2026
2 коло : 27-29 септември 2026
3 коло : 30 септември- 3 Октомври 2026
4 коло :  4-6 октомври 2026
5 коло :  12-14 ноември 2026
6 коло :  15-17 ноември 2026
Лига A четврт-финале: 25-30 март 2027
Лига A/B и B/C плеј оф: 25-30 март 2027
Завршен турнир : 9-13 јуни 2027
Лига C/D плеј оф : 23-28 март 2028

- Оглас -

Најнови вести