Македонија доби пенал, ВАР-системот го поништи, но потоа Елмас донесе радост за 1:0 (Видео)

Македонија води со 1:0 против Малта блаодарение на голот на Елиф Елмас во 65-тата минута. Елмас одлично прими една топка и без многу размислување шутираше прецизно за конечно да има радост на трибините.

https://twitter.com/i/status/1639013088631443458

Интересно е дека само неколку минути пред пеналот имаше интересна ситуација. Во 59-тата минута, Елиф Елмас го упати првиот директен удар во рамките на голот на Малта, топката дојде до Миовски, кој падна во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал.

Сепак, по сугестија од ВАР-собата, арбитерот реши дека пенал немало. За наша среќа, неколку минути подоцна Елмас донесе голема радост.

- Оглас -

Најнови вести