Македонија доби тешка група во квалификациите за ЕП 2023

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ги доби противниците од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одигра во Романија и Грузија. На денешната ждрепка, Македонија се најде во групата Х, заедно со селекциите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.

Најголемиот успех на македонската селекција до 21 година е пласманот на завршницата во 2017 година, додека на последните квалификации завршивме како второпласирани во групата и само поради промената на правилата за време на квалификациите не успеавме и по вторпат да се пласираме на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести