Македонија доби три четвртини против Израел, но загуби убедливо

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години, го претрпе првиот пораз на Европското првенство Б дивизија во Орадеја. Во полуфиналето, Македонија загуби од Израел со 66:78 (18:16, 6:27, 19:18, 23:17). Нашите надежи ќе имаат уште една шанса за влез во А дивизија, ако утре победат во борбата за трето место против Чешка.

До пред овој меч, Македонија имаше пет победи во пет меча. И против Израел започнавме добро и по првите 10 минути, водевме со 18:16. Нашите надежи имаа предност од 21:19 во 12 минута, а потоа следуваше голем пад во играта. Со серија од 16:0, Израел стигна до водство од 35:21 во 18 минута, а до крајот на полувремето, противникот стигна и до 43:24. Очајната втора четвртина за Македонија заврши со резултат 27:6 во корист на Израел.

Во второто полувреме, Израелците го контролираа водството и во ниту еден момент не дозволија да дојде во прашање дали ќе победат на крајот. Павел Даниловски со 16 поени беше најефикасен кај Македонија, а Дарио Митевски даде 13 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести