Она што долго време се најавуваше, доби и официјална потврда, Борко Ристовски ќе биде министер за спорт во новото Министерство за спорт кое го најавува мандатарот за нов премиер на Македонија, Христијан Мицкоски.
Во минатото постоеше Министерство за спорт, подоцна тоа беше укинато, а главна улога играше Агенцијата за млади и спорт. Сега спортистите ќе имаат свој претставник директно во Владата, што би требало да биде плус за нив.
Се очекува во Министерството за спорт да функционираат сектори за професионален спорт, за масовен или рекреативен спорт и сектор задолжен за развојниот или младински спорт, со што комплетно би се опфатиле сите неопходни области на кои се темели спортот и спортската активност.