28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Македонија добро „ќари“ на ФИФА-листата по победата над Италија

Македонската фудбалска репрезентација напредува за пет места и се позиционира на 62-рото место на најновата ранкинг-листа на ФИФА. Успехот против Италија ни носи значително подобрување на позицијата, којашто на претходниот ранкинг беше со број 67.

Во моментов, Македонија има 1.381 поени, што е за 13.84 поени подобро од претходниот пласман. Пред нас се селекциите на: Панама, Гана, Босна и Херцеговина и Венецуела, додека зад нас го оставивме Исланд.

Бразил го презеде првото место од Белгија, а сосема очекувано, најдобра балканска репрезентација е Хрватска, којашто е под број 16. По неа следува Србија, којашто сега се наоѓа на 25-тото место на најновиот ранкинг.

- Оглас -

Најнови вести