18.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Македонија договори пријателски меч со бронзената селекција од последното Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Риека. Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12 октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и, се разбира, да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски, кој вчера и официјално го продолжи договорот за уште две години и ќе биде предводник на најдобриот фубалски состав на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести