Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ќе го игра шестиот меч од Златната европска лига, а противник е Шпанија. Нашите одбојкари имаат една победа и четири порази, но два од тие порази беа по голема борба и со 3:2 во сетови. Црвената фурија е со биланс од две победи и два порази.
Македонија и Шпанија досега играле два пати и нашите два пати биле поразени и тоа на Медитеранските игри во 2018 година со 3:0 и на ЕП во 2021 година кога беше 3:1 за Црвената фурија.
Позитивна атмосфера владее кај македонските одбојкари кои може да чувствуваат и забор бидејќи против Белгија и Хрватска одиграа по пет сета, но сигурно мотивот и самодовербата е на многу повисоко ниво.