Македонската фудбалска репрезентација полна со самодоверба го чека вечерашниот дуелот против Белгија. Гостите се фаворити, традицијата во меѓусебните дуели е на нивна страна, но Македонија има свој мотив да брка освојување на нови бодови во квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.
Речиси две години Македонија е без пораз кога игра на арената „Тодор Проески“. Четири победи и три нерешени резултати има Македонија во овој период во кој е без пораз.
Серијата започна со ремито против некогашниот светски и европски првак Италија кога одигравме 1:1. Потоа ја победивме Ерменија со 3:1, па следуваше уште едно големо реми против екс светскиот првак Англија (1:1).
Македонија потоа победи против Ерменија со 2:0, против Летонија 1:0 и против Фарски острови со 1:0, за да во март оваа година ремизираме 1:1 против Велс.
Последниот пораз Македонија во Скопје го претрпе од Украина на 16 јуни 2023 година со 2:3. На тој меч Македонија водеше со 2:0 на полувреме, но на крајот загубивме.