Европската ракометна федерација, ЕХФ, го објави најновото рангирање на националните тимови во Европа врз основа на резултати во последните четири години, а машката репрезентација на Македонија направи скок во споредба со минатата година (ги прескокнавме Србија, Чешка, Полска и Австрија) и сега е 15-та.
На настапот на ЕП 2026, Македонија освоени 48 бодови во рангирањето, и продолжи нагорниот тренд. Во 2023 имавме 30, во 2024 имавме 36 бодови, лани 44, а сега 48.
Во Топ 5 на листата се Данска, Франција, Германија, Хрватска и Португалија. На листата има 47 земји меѓу кои и суспендираните Русија и Белорусија.
Женската селекција на Македонија е сместена на солидното 19-то место во Европа, во конкуренција на 42 земји.

