27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Македонија е „чиста единица“ , Панцерите ќе си поиграат со Исланд

6731 Македонија – Романија (20:45ч, квалификации СП 2022)

Ремијата со Ерманија и Исланд да се оправдаат со прв триумф на домашен терен против Романија е целта на Боби Милевски и неговите избраници, со што би се одржале шансите за посакуваното второ место во групата Ј кое води во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Нормално дека уште ништо не е загубено, иако со загубените четири бода претходно во овој циклус ситуацијата ќе беше далеку пооптимистична за Рисовите.

Но, минатото треба да се остави да мирува и да се гледа само кон следните предизвици, а тоа е да се надиграат Романците кои во две гостувања во Скопје се радувале на исто толку победи постигнувајќи пет, а дозволувајќи само еден гол во својата мрежа. Гостите ќе бидат хендикепирани, не им игра еден од главните играчи Јанис Хаџи, што претставува проблем помалку за Македонија, но фокусот на нашите репрезентативци ќе биде нивната игра и воспоставување контрола на мечот, што ќе го отвори патот до посакуваните три бода.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

6738 Исланд – Германија (20:45ч, квалификации СП 2022)

Германија не планира ништо друго освен убедлива победа кај Исланд која покажа доста слабости во нерешените 2-2 со Македонија и среќно освоениот бод со надополнување на два гола негатива. Панцерите изминативе денови против Лихтенштајн и Ерменија постигнаа осум погодоци, што само го потврдува напаѓачкиот потенцијал кој го поседува тимот на Флик, па со нови три бода Германија потполно ќе ја преземе контролата врз групата Ј во која засега предводи со 12 бода.

Во вкупно три меѓусебни меча Германците не примиле гол од Исланд, со едно реми без голови и две идентични победи со 3-0, што треба да биде минимумот за конечен резултат во вечерашната средба.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.73)

 

6737 Полска – Англија (20:45ч, квалификации СП 2022)

Двете најдобри селекции од групата И ќе се сретнат во Варшава со очекувања да приредат возбудлив меч. Англија засега има максимален учинок по пет меча во квалификациите и посакува да ја одржи победничката серија која ја оствари со одлична гол разлика од 17-1.

Полјаците со три победи и по едно реми и пораз се надева дека првпат по речиси половина век ќе успее да триумфира против Гордиот Албион. Англија доби четири од последните пет меѓусебни средби во кои постигнуваше точно по два гола, додека се памети и реми од 1-1.

Предлог тип: 3+ (2.18)

 

6735 Северна Ирска – Швајцарија (20:45ч, квалификации СП 2022)

Швајцарците добија на самодоверба откако го задржаа европскиот шампион Италија на реми без голови, па од ова гостување кај Северна Ирска очекуваат да си заминат со целиот плен за да биде блиску до првото место во групата Ц на кое сепак се очекува да завршат Аѕурите.

Вкупниот биланс во пет меѓусебни средби на овие две селекции е во корист на Швајцарија со 2-1, а бележат и две ремија без голови. Меѓудругото Швајцарците треба да ја искористат лошата форма на Северноирците кои се без триумф на домашен терен точно две години.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.88)

 

6849 Чешка – Украина (20:45ч, пријателски натпревар)

Чешка и Украина не сметаат дека го извлегоа максимумот од септемвриските квалификации. Чесите едвај триумфираа со Белорусија, додека беа инфериорни против Белгија. Што се однесува до Украина, задоволително е ремито со светскиот првак Франција, но не и освоениот бод со Казахстан, па затоа и двете национални екипи ќе ги лечат раните во контролката која ќе се одигра во Плзен.

Ова ќе биде третпат да се сретнат во пријателски рамки, а вкупно петти меѓусебен меч. Претходно Украинците двапати славеа во Лигата на нациите со 2-1 и 1-0, додека Чешка памети триумф од 4-0 во 2011 година, како и едно реми без голови.

Пред фудбалерите на двете селекции да се вратат на клупските обврски, се очекува да не се трошат многу, но тоа не значи дека ќе бидат посебно претпазливи, па така има шанси во опуштено издание да се покажат напаѓачките потенцијали.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.45)

- Оглас -

Најнови вести