Македонија е фаворит за победа против Романија според коефициентите во светските обложувалници, а за триумф на нашата репрезентација на 8 септември во Скопје понудата во Sport Life е 2.60.
Немаме победа против Романците во квалификациски меч за настап на големите натпреварувања, па можеби сега е време за триумф во важен момент.
Билансот е 5-0 за гостите и сите победи им се во квалификации за настап на Мундијалите. Еднаш ги победивме Романците во 2010 година во пријателски меч со 1:0 како гости со голот на Ванче Шиков.
Сè останато се победи на Романија, ги имаат пет против нас со гол-разлика 14:6. Нè победија во Букурешт со 3:2 и во овој квалификациски циклус за пат во Катар на Светското првенство што ќе се игра идната година, а и во моментов по пет кола во Ј групата се пред нас со 9 бода на третото место.
Македонија има 8 и ако успее да ѝ се реваншира на Романија за поразот во март, ќе си ги врати шансите за настап во Катар.
Во понудата на Sport Life за мечот од шестото коло во Ј групата што ќе се игра за три дена во Скопје од 20.45 часот има вкупно 553 различни игри.
Основните со конечен исход се победа на Македонија со квота 2,60, за реми понудата е 3,25, а за триумф на гостите коефициентот е 2,85.