Македонија е фаворит според обложувалниците, Грузија има предност во анкетата на УЕФА

Македонија е фаворит според светските обложувалници за пласман на Европското првенство што ќе се игра идната година, а Грузија има предност во анкетата што ја објави УЕФА.

Историскиот меч за двете репрезентации кои никогаш не играле на големо натпреварување ќе се игра на 12. ноември на Динамо арена во Тбилиси, а според обложувалниците предност има Македонија.

Во Sport Life, коефициентот за победа на гостите е 2.75, за победа на Грузија квотата е точно 3.00, колку што е и за нерешено по регуларниот дел. Отприлика тој е односот и во светски познатите обложувалници, кои ни ја даваат улогата на фаворит.

УЕФА објави анкета за сите четири финални бараж дуели, по кои ќе бидат познати последните учесници на ЕП 2020, што интересно ќе се игра во 2021 година, поради пролонгирањето по пандемијата со Ковид-19.

Моментно на анкетата гласале 2.355 луѓе и победа на Грузија прогнозираат 58.6 проценти, додека 41.4 веруваат дека Македонија ќе оди на ЕП.

Секако главниот збор ќе го имаат играчите на двете репрезентации од 18 часот во Тбилиси на празната Динамо арена. Победник мора да има, а ако биде нерешено ќе се играат продолженија, па потоа ако има потреба би се изведувале и пенали.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести