Женската фудбалска репрезентација од 13 часот на стадионот на ФФМ ќе игра против Северна Ирска во меч од петтото коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Против Северна Ирска ќе играме и во Белфаст, четири дена подоцна.
Селекторот Кирил Изов ќе има тешка задача затоа што за овој меч нема да смета на најдобрите фудбалерки, и тоа капитенот Андонова, како и Рочи и Јаковски.
По четирите одиграни меча во овие квалификации, Македонија има само една победа и три порази, додека Северна Ирска е со две победи, реми и пораз.
Вкупно девет меча од квалификациите за СП се дел од понудата во Sport Life.