7.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Македонија е голем фаворит и сите очекуваат со победа да се започне патот кон ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва започнува еден нов голем предизвик, го игра првиот меч од претквалификациите за пласман на Евробаскетот. Нашата репрезентација во СРЦ „Кале“ ја пречекува селекцијата на Азербејџан и е во улога на голем фаворит.

Азербејџан има седум порази во последните осум меча. Губеа од Ирска, Косово, Швајцарија, Андора, Малта…, што доволно кажува дека Македонија е во улога на фаворит за триумф.

Селекторот Марјан Илиевски го одреди составот за овој меч, а довербата ја добија: Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Работнички, Андреј Митревски – Пелистер, Лука Стојановски – Пелистер, Виктор Ташовски – ТФТ Скопје, Теодор Симиќ – Кожув, Адем Мекиќ – Бора – Косово, Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово, Лејсон Зеќири – Башкими – Косово, Андреј Јакимовски – Тренто – Италија и Омари Мур – Валенсија – Шпанија.

Од Кошаркарската федерација одлучија влезот за овој меч да биде слободен и навивачите да дадат голема поддршка од трибините за Македонија да стигне до триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести