Македонија е комплетна, лесно ќе падне Ерменија (фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија се комплетираше и ги продолжи подготовките за септемврискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Новиот селектор Благоја Милевски, своето деби ќе го дочека на 2 септември во дуелот против Ерменија, кој ќе се игра во вечерните часови на Националната арена во Скопје, „Тодор Проески“. Знаејќи ги повеќето репрезентативци со кои соработуваше во У-21 селекцијата, Милевски со сигурност посакува неговото деби на селекторското столче да биде крунисано со победа.

Македонија во првите три квалификациски меча освои шест бода, победи се запишаа против Лихтенштајн и неверојатниот подвиг против големата Германија среде Дуисбург. Токму тие резултати треба да бидат мотив да се совлада досега непоразената Ерменија која има максимални девет бода.

- Оглас -

Најнови вести