Македонија е магнет за публиката, каде и да играме, преполни трибини!

Откако на стадионот во Дизелдорф против Франција официјално игравме пред 53.586 гледачи, што е нов светски рекорд за посета на ракометен меч, вечерва македонската ракометна репрезентација има чест да игра пред преполни трибини и во салата во Берлин.

Објавено е дека во „Мерцедес Бенз“ арената има 13.571 посетители, што значи дека сите билети биле продадени, иако капацитетот на салата е малку поголем од ова.

Ете, имавме среќа да бидеме магнет за германската публика во два наврати и да играме на овие дуели од ЕП 2024 пред исполнети трибини.

- Оглас -

Најнови вести