Македонија е на готовс да ја изненади Германија во градот страдалник (Фото)

Македонските репрезентативци трренираа на „МСВ“ арена во Дуизбург и подготвени го чекаат првиот меѓусебен меч со четирикратните светски прваци Германците.

Утре градот страдалник, Дуизбург ќе ни биде домаќин во третиот квалификациски меч од циклусот за пат на Мундијалот во Катар од 20.45 часот.

Дуизбург е познат во историјата како град кој беше најжестоко бомбардиран од силите на победничката алијанса во Втората светска војна, а утре се очекува интересен фудбалски меч меѓу фаворитот Германија и селекција која е во подем, нашата, македонската.

По две кола, Македонија има еден пораз од Романија со 2:3 во Букурешт и победа од 5:0 против Лихтенштајн, па евентуален подвиг утре би бил голем потстрек пред настапот на Европското првенство и потоа и за продолжението на квалификациите за Мундијалот.

Утре ќе играме без Илија Несторовски, кој е казнет и не отпатува за Германија, а од нашиот табор велат дека ја респектираат фудбалската велесила, но и дека ќе се обидат да остварат добар резултат.

- Оглас -

Најнови вести