По еден ден пауза, продолжија возбудувањата на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван, вклучително и четвртото коло од групата „Ц“, во кое нашата младинска репрезентација за противник ја имаше селекцијата на Швајцарија.
Изгледот на табелата по три одиграни кола кажа дека ова е еден од клучните и веројатно најважен наатпревар за Македонија во првата фаза од шампионатот.
И кога бевме пред знакот „морање“, победивме макар и минимално, за скор од 2-2 по четири одиграни натпревари и голема шанса за пласман во четвртфиналето.
Серијата од 10:0 која ја реализирвме во рок од две минути ја донесе нашата млада селекција до првата посериозна предност. Поведовме со 17:9, но тука и не застанавме, на почетокот на осмата минута Македонија поведе и со највисоки 23:11.
И ако на почетокот во прва поентерска линија беа Стојковиќ и Иванов, откако влезе во игра, дополнителна енергија, но и реализации донесе Кечовски. Биеше нашиот бек скоро беспрекорно од зад линијата од 6,75 метри. Ги погоди првите три обиди вредни по три поени.
На истекот на првата четвртина, Македонија водеше со високи 28:19, а Иванов стигна до бројката од десет реализации.
Иако тешко стигнавме до тоа водство, се чини многу брзо „потрошивме“ дел од таа солидна позитива. Швајцарија направи серија од 14:3, со која сериозно се доближи. Во неполни три минути, противникот намали само на два поени негатива 33:31.
Но, токму шутерското издание на Кечовски беше и главната причина што не им дозволивме на Швајцарците да го преземат тоа тешко стекнато водство.
Имавме минимални 46:45 на полувремето, период во кој Кечовски имаше максимални „пет од пет““ во обидите за три поени и 15 поени, Иванов дојде до 12.
Не бевме добри во третиот период од играта, Швајцарците одиграа доста поефикасно, успеаја да направат пресврт, и тоа сериозен. Нашите ривали реализираа дури 27 поени, крајот го дочекаа со позитива од осум поени 72:64.
Но, зборот предавање кај нашите младинци не постои…
Тоа се покажа како точна констатација во четвртина на одлуката, која дефинитивно се претвори во драматична.
По двете тројки, прво од Младеновски, потоа и на Ќириловски, Македонија израмни 77:77, но до крајот останаа долги 4:48 минути.
Во нив прво ја вративме предноста, поведовме со 81:78, но со неколкуте нереализирани слободни фрлања, ситуацијата ја направивме комплицирана. Швајцарија дојде до егал 81:81, имаа шанса и да поведат. Но, откако Кечовски беше половичен од линијата за слободни фрлања, за минимални 82:81, на 3,9 секунди пред крајот, судиите видоа прекршок од страна на Иванов над Роман. Но не ги реализираше двете слободни фрлања. Иванов имаше шанса од истата позиција, но биеше со идентичен ефект, но победнички крај за Македонија.
И втора победа по ред, која ни ги „отвора“ шансите за место во четвртфиналето, во кое имавме петмина двоцифрени кошаркари.
Ќе остане запаметена шутерската партија на Кечовски, неговите пет тројки (од седум обиди) и 16 поени (плус четири скока), но и ефектот на Стојковиќ од 16 поени и пет асистенции и четири скока, оној на Иванов од 14 поени и пет скока, на Ќириловски од 12 поени и на Луканоски, кој заврши со 11 поени и шест скока.
Но, и придонесот на сите во нашиот национален тим „под 20“ години.
Наредниот меч за нашата младинска селекција следува на 16 јули (среда), од 16:30 часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Швајцарија.