Спортската прогноза нормално продолжува и во репрезентативната пауза, од вчера е достапно најновото 10-то коло, во кое за главниот подарок „ајфон 11“ треба да се погодат сите 13 парови од Лигата на нациите.
Меѓу нив, секако, е дуелот меѓу Македонија и Естонија, а само по 24 часа откако новото коло се отвори за прогнозирање, учесниците го кажаа своето. Речиси да нема учесник кој типуваше евентуална победа на Естонија, додека 95,77% се сигурни дека националниот состав на селекторот Ангеловски ќе триумфира во Скопје на 15 ноември.
Секако влијае и навивачкиот пристрасен аспект, меѓутоа Македонија подразбирливо е фаворит во овој дуел, па затоа е и најсигурен „кец“ на Спортска прогноза.
Не заборавајте дека и резервни парови се бројат во скорот за Генералниот пласман, затоа е важно да се погодат, за да се биде чекор поблиску до премијата Смарт ТВ 48 инчи.