12.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Македонија е помеѓу десетте најмали држави кои се уште имаат шанси за пласман на Мундијалот (Фото)

Иако октомврискиот прозорец на ФИФА заврши и веќе се е насочено кон врвниот клупски фудбал, не престануваат пресметките за тоа која репрезентација може да се најде на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

На социјалните мрежи е објавена листа од десетте најмали земји во светот кои се уште имаат шанса да се најдат на Мундијалот, а Македонија е на деветтото место според бројот на жители.

Сан Марино се уште е во игра и има шанси да се најде во баражот и тоа воедно е најмалата држава со само 33.572 жители, која се уште се надева на пласман на Светското првенство.

Од европските земји тука се и Фарските Острови (56.002), Исланд (398.266), Косово (1.585.566), Македонија (1.813.791) и Северна Ирска (1.927.855).

Освен шестте европски земји, на листата од 10 најмали држави има и три од Северна Америка и Карибите – Курасао (185.487), Суринам (639.850) и Тринидад и Тобаго (1.511.155). Една држава е од Океанија, тоа е Нова Каледонија со само 295.333 жители. Тие веќе имаат обезбедено место помеѓу шестте репрезентации во Интерконтиненталниот плеј-оф.

- Оглас -

Најнови вести