Македонија е пред Велс и Белгија, сонот за Светско првенство може да стане јаве во октомври! (Фото)

Денешните мечеви во кои Македонија го победи Казахстан со 1-0, а Белгија го совлада Велс со 4-3, ја оставија нашата репрезентација на првото место во групата Ј после четири од осумте кола во квалификациите за Светско првенство.

Табелата изгледа прекрасно од наша перспектива. Во грб ни гледаат фаворитите Белгија и Велс, а она со што можеме да се пофалиме е дека ја имаме најдобрата одбрана во групата со само два примени голови на четири меча.

Следните мечеви се во септември. Македонија ќе игра еднаш и тоа дома со Лихтенштајн, што би требало да значи дека ќе имаме 11 бодови на крајот на септемврискиот циклус и останување на прво место, затоа што и Велс ќе игра само еднаш (на гости со Казахстан), а Белгија игра двапати и може да има најмногу 10 бодови.

Потоа во октомври гостуваме кај Белгија и играме дома со Казахстан. Шест бода од тие два меча ќе значат дека Македонија првпат во својата историја ќе игра на фудбалски Мундијал. Но, Белгија дома нема пораз 15 години. Со нерешено таму, ги задржуваме шансите за прво место. Во последното коло во ноември гостуваме кај Велс и тоа истотака може да биде клучен меч и битка за прво или за второ место.

- Оглас -

Најнови вести