Македонија го дочека највисокиот ракометен клупски рејтинг во историјата. Со 115 бодови, нашата земја е на третото место на најновото рангирање на ЕХФ. Тоа преставува скок за четири позиции во однос на претходниот ранкинг. На врвот на листата е Франција со 139,33 бодови и Германија со 132,83 бодови, а Македонија го комплетира Топ 3, со 115 бодови. На четвртото место е Унгарија со 99,83 бодови.
Најзаслужен за овој ранкинг на македонскиот ракомет, секако е Вардар. „Црвено-црните“ два пати во последните три сезони ја освојуваат Лигата на шампионите. Според правилата на ЕХФ, државите кои се до деветото место на листата, во следните три години имаат загарантирано место во Лигата на шампиони. Тоа значи дека Македонија сигурно останува со свој преставник во елитното натпреварување и во следните сезони.