Македонија е во одлична серија на отворањето на Европските првенства

Уште неколку часа нè делат од првиот меч на нашата ракометна репрезентација, која првиот натпревар на Европското првенство ќе го игра против Словенија.

Момците на Кире Лазаров од 18:00 часот ќе истрчаат на паркетот во салата во Дебрецин, со што и официјално ќе го означат стартот на патешествијата на овогодишниот континентален шампионат.

Словенија е фаворит на хартија и тука нема дилеми, но ракометот нема да биде интересен спорт ако секогаш победуваат фаворитите.

Ако се погледне стартот на нашата селекција на ЕП, ќе се забележи нешто навистина интересно.

Македонија е во серија од две едноподруго победи. Првата беше токму над Словенија на ЕП во Хрватска, каде што славевме со 25:24, а завршивме први во групата и поминавме во следната фаза.

Пред две години, пак, нашата селекција славеше исто така минимално (26:25) против Украина, но не ја минавме групната фаза бидејќи завршивме трети.

Ако се погледне севкупно, Македонија на стартот на ЕП има учинок од три порази, едно реми, а во моментов сме во серија од две победи, која се надеваме дека ќе биде продолжена.

РЕЗУЛТАТИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПРВИТЕ МЕЧЕВИ НА ДОСЕГАШНИТЕ НАСТАПИ НА ЕП

ЕП 1998 во Италија: Унгарија – Македонија 29:20

ЕП 2012 во Србија: Шведска – Македонија 26:26

ЕП 2014 во Данска: Данска – Македонија 29:21

ЕП 2016 во Полска: Франција – Македонија 30:23

ЕП 2018 во Хрватска: Македонија – Словенија 25:24

ЕП 2020 во Австрија: Македонија – Украина 26:25

 

- Оглас -

Најнови вести