Македонија е во златната средина во една категорија на ЕП (Фото)

Македонија е во златната средина, точно на 12-тото место во конкуренција на 24 репрезентации што ќе играат на Европското првенство според просекот на годините на сите селекции.

Изборот на Игор Ангеловски од 26-мина играчи што ќе патуваат за Букурешт на 8 јуни го прави вкупниот просек на години 27,12.

Највозрасен е капитенот Горан Пандев со 37 години, а најмлад во нашиот состав е Дарко Чурлинов со 20 години.

Најмлада селекција на ЕП ќе има Турција со просек на години од 24,58, а зад нив е Англија со просек од 24,81. Пред нас се и Велс, Украина, Шпанија, Швајцарија, Полска, Шкотска, Холандија, Чешка и Германија.

Од нашите ривали во првата фаза, во Ц групата „повозрасна“ репрезентација има само Австрија со вкупен просек на години од 27,38.

Украинците се на котата 25,9 години во просекот од сите 26-мина повикани репрезентативци под команда на Андриј Шевченко.

И холандскиот селектор Франк де Бур има помлада селекција од нашата, просекот на Лалињата е 26,81 во години.

Највозрасна репрезентација на ЕП ќе има Белгија со просек на години од 28,73.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести