Македонија и Велс во минатото имаат одиграно три натпревари. На трите меча беа постигнати трите можни исходи, па Македонија и Велс имаат по една победа, а еден меч заврши нерешено.
Во март оваа година во Скопје беше 1-1, а Македонија и Велс играа и во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2014. Двата меча се одиграа во 2013 година, во септември беше 2-1 за Македонија во Скопје, со головите на Тричковски и Трајковски, додека во октомври бевме поразени со 1-0 во Кардиф.
Македонија на единственото гостување кај Велс не успеа да постигне гол, но вечерва доволно е само да не прими бидејќи почетниот резултат (0-0) е доволен за задржување на втората позиција на табелата и условно полесен противник во баражот за Мундијалот.
Двете селекции се сигурни учесници во европскиот плејоф, а пласманот на втората позиција ќе значи избегнување на Италија, Полска, Турција и Украина во полуфиналето од баражот, односно влез во третиот шешир од можните четири.
Доколку верувате дека Македонија може да одигра 0-0 во Кардиф, тогаш во Sport Life ќе добиете фантастична квота од 9.00 која вреди да се одигра.



