Фудбалската репрезентација на Македонија октомврискиот прозорец на ФИФА ќе го заокружи со одигрување на пријателски натпревар против Ерменија на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Ерменците се добро познат противник за нас, против кого имаме одиграно вкупно 12 натпревари, сите официјални, а овој ќе биде прв од пријателски карактер.
Билансот од досегашните 12 натпревари е пет победи за Македонија, една помалку, односно четири за Ерменија, додека три натпревари завршиле без победник. Во меѓусебните натпревари вкупно биле постигнати 37 гола, односно во просек малку над три по натпревар. Девет од овие 12 натпревари завршиле со 3+ голови, додека на шест било „гол-гол“.
Според квотите во Sport Life, Македонија ја има фаворитската улога да го продолжи позитивниот тренд против Ерменија со квота од 1.83. Одлична е понудата и за победа на Македонија најмалку со три гола на натпреварот, односно за играта 1 & 3+, која носи квота од фантастични 2.95.