-0.2 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Македонија „гази“, но мора да пази да не го повтори киксот како против Исланд (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација игра одлични први 45 минути против Ерменија и има водство од 2:0.

Александар Трајковски во 22-рата минута погоди по една одлична соло акција на Стефан Ашковски.

Во 36-тата минута, пак, Енис Барди го покажа својот раскошен удар и погоди за 2:0 со што ни донесе убедливо водство.

Но, не смее да има опуштање во нашиот тим, да не се повтори ситуацијата како против Исланд, кога на полувремето исто така водевме со овој резултат, а на крајот спасувавме бод.

- Оглас -

Најнови вести