Македонија ги доби противниците во претквалификации за ЕП 2025

Македонската кошаркарска репрезентација ќе започне во претквалификации за пласман на Европското првенство кое ќе се игра во 2025 година. Нашите најдобри кошаркари денеска ги добија противниците во оваа фаза од квалификациите и ќе играме во Д групата, а противници ќе ни бидат Словачка, Данска и  Норвешка.

Во овие претквалификации селекциите се поделени во три групи по четири учесници. Екипите ќе играат со другите тимови во група (дома и на гости) преку три т.н. „прозорци“, во август и ноември 2022, и февруари 2023 година.

Датуми за одигрување на ФИБА „прозорците“ се:

4. прозорец: 22-29. август 2022 година (со натпревари на 25.август-четврток, и 28. август-недела).

5. прозорец: 7-15. ноември 2022 година (со натпревари на 10.ноември-четврток, и 13. ноември-недела).

6. прозорец: 20-28. февруари 2023 година (со натпревари на 23.февруари-четврток и 26. февруари-недела).

Првопласираната репрезентација од секоја од трите  групи, плус Кипар како домаќин на Евробаскет 2025, ќе заработи место во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Преостанатите тимови од второто коло од претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 ќе имаат шанса заедно со екипите од првото коло на претквалификациите за Евробаскетот 2025, да се натпреваруваат за преостанатите четири места во квалификациите за Еврошампионатот (дома и на гости во јули 2023 година), а извлекувањето на двојките за ретото коло ќе се одржи по завршувањето на вториот круг.

- Оглас -

Најнови вести