Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години денес гидозна противниците за Елитните квалификации кои ќе се одржат во месец март во Скопје. Нашите млади фудбалери ќе бидат во група со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија, а само победникот ќе обезбеди пласман на Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Северна Ирска.
Селекторот на оваа надежна генерација, Тони Јакимоски, е задоволен од ждрепката и очекува работата со овие фудбалери да ја круниса со нов успех.
– “Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво. Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик. Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство. Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.“ – вели селекторот Тони Јакимоски.
Последниот филтер пред Елитните квалификации ќе бидат контролните натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
– “Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП. Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство.“ – додава Јакимоски.
Квалификацискиот турнир во Скопје ќе се одржи од 16-ти до 26-ти март во Скопје.