32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Македонија ги доби ривалите за Медитеранските игри

Ракометната машка репрезентација на Македонија ги дозна противниците за Медитеранските игри кои за помалку од еден месец ќе стартуваа во Оран (Алжир).

Селекторот Кирил Лазаров за ова натпреварување реши да ја подмлади селекцијата, која ќе одигра четири меча во Б групата, а за противници ги доби, Шпанија, Турција, Грција и домаќинот Алжир.

Македонија со подготовки за овој турнир ќе започне на 13 јуни, а Игрите ќе стартуваат на 25 јуни.

Противниците ги доби и одбојкарската селекција која ќе биде во групата А заедно со Италија и Египет.

- Оглас -

Најнови вести