Македонската фудбалска репрезентација има шест победи по ред и сите се без примен гол. Овој успех на нашата селекција ѝ го донесе пласманот во Сегментот Б од Лигата на нациите. За првпат ќе бидеме дел од овој сегмент во којшто има многу посилни селекции од Сегментот Ц.
Со комплетирање на сите бараж-дуели за опстанок или испаѓање во еден сегмент, јасно е кои се 12-те репрезентации кои ќе бидат во вториот сегмент по силина.
Ждрепката за новата сезона 2026/27 во Лигата на нациите ќе биде на почетокот на следната година, а јасно е дека Македонија е во последниот, четврти барабан, што значи дека за противници ќе добие три ривала кои на хартија се посилни.
Во првиот и најсилен барабан се репрезентациите на Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Во вториот барабан се класифицирани Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина. Во третиот барабан се Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија, додека во последниот, четврти барабан освен Македонија, таму се и Шведска, Северна Ирска и Косово. Токму со репрезентациите кои се во нашиот барабан, Македонија не може да биде во иста група.
2026-27 UEFA Nations League B
Pot 1: 🏴 🇭🇺 🇵🇱 🇮🇱
Pot 2: 🇨🇭 🇧🇦 🇦🇹 🇺🇦
Pot 3: 🇸🇮 🇬🇪 🇮🇪 🇷🇴
Pot 4: 🇸🇪 🇲🇰 NIR 🇽🇰— We Global Football (@We_Global) March 23, 2025