Словенија е прв финалист на Европското првенство во одбојка и во Париз ќе игра за златнито медал против подобриот од утрешниот дуел меѓу Франција и Србија.
По поразот од Македонија во фазата по групи, Словенците блескаат и на патот до финалето ги елиминираа и актуелниот европски првак Русија и светскиот шампион Полска, вечерва во полуфиналето.
Првиот сет им припадна на Словенците со 25:23, а Полска возврати за 1:1 со 26:24. Клучен беше третиот сет што го добија Словенците со 25:22, а потоа се вратија од негатива од два поени во финишот на следниот сет, славеа со 25:23 и ќе играат во финалето во Париз.