Македонија ги стартуваше подготовките од квалификациите за пласман на СП 2026

Фудбалската репрезнетација на Македонија го означи стартот на подготовките за пласман на Светското првенство во 2026 година. Во хотелот „Хилтон“ започнаа да пристигнуваат фудбалерите кои се најдоа на списокот на селекторот Благоја Милевски и треба да бидат на располагање на дуелите против Лихтенштајн (22 март) на гости и против Велс (25 март) на домашен терен.

Овој собир е малку специфичен, посебен, во деновите кои се можеби најтешките за Македонија од осамостојувањето, по трагедијата која се случи во Кочани, а во која настрадаа 59 луѓе.

Од Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност кон настраданите во трагедијата во Кочани, решија медиумските активности со фудбалерите да бидат сведени на минимум.

- Оглас -

Најнови вести