Ракометната репрезентација на Македонија попладнево ќе гостува на Труција, во меч од второто коло во квалификациите за паслман на Европското првенство кое 2024 година треба да биде во Германија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро ги отворија квалификациите и во првото коло убедливо со 38:24 го победија Луксембург, но аутсајдерот во групата не треба да е мерило за нашиот квалитет. За средбата против Турција се враќа исусниот Дејан Манасков.
Турција на стартот убедливо беше поразена на гости кај Португалија со 17 разлика (27:44) и сега сигурно ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток. Македонија играше против Турција во квалификациите за ЕП 2020 и два пати победи (31:27 дома и 26:25 на гости).
Доколку денеска Македонија слави веќе ќе има четири бода и ќе биде многу блиску до обезбедување на едно од првите две места во групата кои водат на континенталниот собир.
Според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит, па дури се очекува нашите ракометари да спават со барем шест голови разлика, што би било убедлив и лесен триумф.