Познати се осумте селекции кои во вторник ќе играат за мундијалски билет од европските квалификации. За жал меѓу нив нема да биде Македонија, со оглед дека нашата репрезентација не само што загуби од Данска со 4-0, туку тоа воедно е и најубедливата победа, односно пораз, на денешните полуфинални дуели.
Резултати – полуфинале:
Данска – Македонија 4-0
Турција – Романија 1-0
Чешка – Ирска 2-2, 4-3 пен.
Италија – Северна Ирска 2-0
Полска – Албанија 2-1
Словачка – Косово 3-4
Украина – Шведска 1-3
Велс – Босна и Херцеговина 1-1, 2-4 пен.
Поразените селекции од првите бараж-натпревари, во вторник ќе играат пријателски натпревари, а Македонија повторно ќе гостува, овој пат во Даблин на дуел против Ирска, која на пенали загуби од Чешка, иако имаше водство од 0-2 и беше блиску до двомеч против Данска за пласман на Мундијалот.
Двојки – Финале:
Босна и Херцеговина – Италија
Шведска – Полска
Косово – Турција
Чешка – Данска
Дуелот помеѓу Ирска и Македонија ќе се одигра на стадион „Авива“ во Даблин, на 31-ви март (вторник) со почеток во 20:45 часот.

