Женската ракометна репрезентација на Македонија е освојувач на “Трофејот Македонија“ кој деновиве се одигра во Охрид. Во денешното последно трето коло, Тунис и Египет ремизираа 26:26 и тоа беше доволно да се знае дека Македонија ќе го освои трофејот на овој турнир.
Македонија во третото коло требаше да игра против Грција, но оваа селекција го напушти турнирот, па автоматски Македонија доби службена победа, која заедно со ремито на Египет и Тунис, ја лансираше нашата репрезентација на првото место.
„Горди сме на нашите девојки кои со срце и пожртвуваност го освоија трофејот пред домашната публика!“, стои во дел од пораката на официјалната фејсбук страна на Ракометната федерација на Македонија.