Македонија го победи Кипар и го освои првото место во групата

Македонската одбојкарска репрезентација со победа ги заврши мечевите од групната фаза во Сребрената лига, откако на турнирот во Шлагелсе, Данска, со 3:1 во сетови го победивме Кипар. Со овој триумф Македонија заврши како најдобропласиранат селекција во групата, со пет победи и само еден пораз, што е одлична најава пред фајнл фор турнирот кој ќе се игра во Струмица.

MSLA-11-CYPRUS vs NORTH MACEDONIA

Нашите Спартанци против Кипар ја оправдаа улигата на фаворити и првиот сет го добија со 25:22, а во вториот беа уште поубедливи и на противникот му дозволија да освои само 18 поени. Во третиот сет следуваше опуштање на нашите одбојкари, па Кипраните тоа го искористија и намалија на 1:2, добивајќи го сетот со 25:18.

Сепак, за да нема никакво изнеадување, нашите репрезентативци се погрижија со добра игра во четвртиот сет, кој се покажа и како последен, кој го добивме со 25:22.

Данска заврши како втора во нашата група и таа селкција заедно со Македонија, како и Хрватска и Унгарија кои беа на првите две места во другата група, ќе бидат дел од Ф4 завршницата во Струмица.

 

- Оглас -

Најнови вести