Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработи првиот тренинг за претстојните натпревари од квалификациите за СП во Катар.
Селекторот Боби Милевски и неговите играчи го вклучија „погонот“, а единствена цел им е три бода во мечот против Лихтенштајн.
Нашата селекција мечот против Лихтенштајн го игра на 8 овој месец, и тоа на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц, додека овој квалификациски циклус ќе биде комплетиран против Германија три дена подоцна, и тоа на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.
Во моментов во групата „Ј“ ние сме на четвртото место со девет освоени бода по шест одиграни натпревари, Германија е на врвот со 15, додека Лихтенштајн е „закован“ на дното само со еден бод.