Македонија го „здроби“ Лихтенштајн, сега ќе бараме ново чудо против Германија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 4:0 победи на гостувањето кај Лихтенштајн во рамките на квалификациите за СП во Катар.

Нашите момци одиграа доминантно и од првата до последната минута не му дозволија на противникот практично да излезе од својата половина. Сега, нашите момци со супер мотиви ќе се соочат против Германија и ќе се надеваат на ново чудо.

Првиот гол го постигна Дарко Велковски кој умешно се снајде по една мешанице во завршницата од првото полувреме, и со резултат од 1:0 се замина на полувреме.

Во продолжението заигравме уште убедливо и ставивме „печат“ на победата. Најпрвин Адеми лавовски се бореше во противничкиот шеснаесетник во 65. минута за неколку моменти подоцна Алиоски да биде успешен реализатор на пеналот кој беше досуден со ВАР одлука.

Само неколку минути подоцна, Бобан Николов се запиша во листата на стрелците.

Конечниот резултат беше дело на Дарко Чурлинов за кого ова беше дебитантски гол за нашата најсилна репрезентација во еден официјален меч.

 

- Оглас -

Најнови вести