Македонија годинава ќе игра и на младинско СП во ракомет, денеска ги доби противниците

Денеска во Осло беше одржана ждрепката за групната фаза од Светското првенство за младинци (играчи до 21 година) што ќе се игра во јуни во Полска, а репрезентацијата на Македонија ќе игра против Исланд, Романија и една репрезентација што ќе добие вајлд-карта од ИХФ и ќе настапи на местото кое беше резервирано за претставник од Океанија.

Доколку поканата ја добие селекција од Европа, тоа ќе биде тешка група составена само од европски национални тимови. Исланд беше трет на јуниорското СП во 2023 година. Мечевите од групата ќе се играат во градот Катовице.

Со ждрепка беа одредени ривалите на Македонија и за младинското (ракометарки до 19 години) женско Европско првенство кое во јули ќе се игра во Црна Гора.

Младинската репрезентација на Македонија ќе биде дел од групата А заедно со Полска, Унгарија и Чешка.

- Оглас -

Најнови вести