6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Македонија Ѓорче Петров ќе има нови газди: Досегашниот сопственик објави дека го продал клубот

Македонскиот фудбалски клуб Македонија Ѓорче Петров добива нови сопственици, откако досегашниот газда Имер Асан преку социјалните мрежи објави дека го продал клубот.

„Беше краток, но интензивен период. Од Втората лига, без ниту еден играч, го вративме клубот во Првата лига. Сега тимот е стабилен и силен. Мојата работа е завршена, а на крајот од денот, јас сум бизнисмен“, објави Асан.

Сѐ уште не е познато за пошироката јавност кои се новите сопственици на Македонија ЃП, но веројатно дека тоа ќе биде откриено откако ќе се завршат сите формалности.

Македонија ЃП денеска одигра реми без голови против Работнички на Националната Арена „Тодор Проески“. По 10 одиграни кола, Македонија ЃП се наоѓа на седмото место со 13 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести