Македонија Ѓорче Петров реди порази, Струга без проблем со Шкупи

Струга на својот стадион како официјален гостин беше подобра од Шкупи со 3-0, а Арсими на гости славеше со 1-0 против Македонија Ѓорче Петров во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани рутински дојдоа до три бода против чаирчани, а Малески утна пенал и пропушти прилика да постигне хет-трик.

Во Ѓорче Петров, Арсими со гол на Јусуфи кој прво беше поништен, а потоа потврден по проверка во ВАР собата, освои три важни бодови кои ги качи на безбедното седмо место. Лавовите од Ѓорче имаат серија од пет порази по ред и претпоследни се, им се заканува директно испаѓање, но пред нив се седум кола во кои може да обезбедат опстанок или да се изборат барем за бараж преку кој би останале во елитното друштво.

- Оглас -

Најнови вести